Побарувачката на девизи ги намали резервите

03.06.2016 15:25

Причина се интервенциите во времето на големата побарувачка за девизи за да се зачува стабилноста на девизниот курс.

За речиси 72,5 милиони евра се намалени девизините резерви во април, објави во последниот извештај Народната банка. Причина се интервенциите во времето на големата побарувачка за девизи за да се зачува стабилноста на девизниот курс.

Заклучно со април, вкупните девизини резерви во земјава биле на ниво од две милијарди 194 милиони денари, односно за 72,45 милиони пониски од март, кога салдото тежело две милијарди 266 евра.