Со обновливи извори до намален увоз на енергија
Македонија има потенцијал од обновливи извори да ги задоволи потребите за електрична енергија, но потребна е долгорочна стратегија, пари и либерализација на пазарот – твдрат експертите. Моменталното производство е околу 14 проценти, три пати повеќе од ова увезуваме. Минатата година, 54 насто од енергетските инвестициите на пазарот, се во обновливи извори...

Македонија ќе се ослободи од увоз на електрична енергија, и значитечно ќе го намали загадувањето на животната средина, ако ја замени со обновливи извори на енергија – велат експертите.
„Македонија има три извори на обновлива енергија од ветер, вода и сонце. Производството од обновливи извори моментално се движи некаде околу 13 и 14 проценти, додека 35 проценти од потребите ги увезуваме“, изјави Константин Димитров од МАЦЕФ.
Најголем потенцијал земјата има за соларна и ветерна енергија, а во југоисточниот дел кај геотермалните води. Познавачите велат, проблем е високата цена за нивна имплементација.
Со новите директиви во оваа област се предвидува до 2020 година за 20 насто да се намали вкупната потрошувачката на примарна енергија. Земјите од западна Европа се обврзаа заеднички да работат на отворање берза, на мерките за прекугранично балансирање и регионална распределба.
„Континуирано се среќавам со сите заедници од овој сектор, со единствена цел Министерството за економија, Владата на РМ да биде подготвена за Паризскиот самит, којшто ќе се одржи на 4 јули, каде ќе се соберат сите држави од Западен Балкан“, изјави министерот за економија Дритон Кучи.
Енергетската ефикасниост според експертската јавност треба да се поврзат со стратегијата за промените на климата, со акцент на производството од обновливи извори и хидропотенцијалот.
Ана Јосифоска- Тодороска
