Во политичка криза- раст на животното осигурување
Осигурителниот пазар има солиден раст и во првиот квартал од годинава. Животното осигурување се зголемува со двоцифрени стапки. Кај неживотното, граѓаните се уште купуваат полиси кои се со закон задолжителни, мал процент го осигуруваат својот имот. Менаџерите велат- политичката криза има незначително влијание врз работењето, се одразила само врз наплатата на побарувањата.

Граѓаните во Македонија се повеќе практикуваат- се осигуруваш и штедиш. Политичката криза го зголеми интересот за животното осигурување, петта година по ред компаниите бележат двоцифрени стапки на раст, велат- и во првиот квартал од 2016-та бруто пласираната премија се зголемува.
„Во услови на одредена криза, граѓаните се одлучуваат на сигурни начини на штедење. Самиот факт дека компанијата има најголем раст на остварената премија од досегашното работење, сметаме оваа ситуација што се случува е дополнителен стимул“, вели Вилма Учета Дузлевска, директор во Кроација осигурување.
Одредени проблеми со ликвидноста и наплатата биле регистрирани во април, средината на мај пазарот се стабилизира.
„Сепак имаше влијание оваа криза, се осети во дел на ликвидноста и во дел на наплата на побарувањата, и пролонгирање на осигурувањата, но сепка во втората половина на мај ова тргна во друга позитивна насока“, посочи Гоце Вангеловски, директор во Корација Осигурување.
Но, во делот на неживотното осигурување, граѓаните се уште купуваат само полиси со закон задолжителни, доминира автоодговорноста, мал е процентот на оние што го осигуруваат својот имот.
„Исто како и во Словенија има голема бројка на осигурани моторни возила, најмногу полиси за автоодговорност, а многу мала е бројката на осигуран приватен имот, во Хрватска дури 85 насто од домаќинствата според последниот попис од 2012 се неосигурани, свеста сеуште е на наиско ниво“, рече Санел Волариј, претседател на Управата на Кроација осигурување.
Колку сме свесни за ризиците по нашиот имот и живот, според последните статистики само четири насто од домаќинставата во Македонија имаат полиса. 45 илјади активни полиси е мала бројка, посочуваат од осигурителниот сектор.
Сузана Фиданска- Стоевска
