Австриски фирми ќе инвестираат во Македонија
31.05.2016 15:36
Од Австриската амбасада не откриваат детали, единствено дека фирмите од услужниот сектор нема да се лоцираат во слободните економски зони. Велат, инвестициите се доказ дека бизнисот не зависи од политиката.

Две австриски компании отвораат терен за инвестиции во Македонија, едната од осигурителниот сектор, другата планира да вложи во Регионален центар за услуги. Од Австриската амбасада не откриваат детали, единствено дека фирмите од услужниот сектор нема да се лоцираат во слободните економски зони. Велат, инвестициите се доказ дека бизнисот не зависи од политиката. Следната недела деловна делагција- менаџери на девет австриски компании доаѓаат во Македонија. Бараат партнери да го прошират бизнисот на Балканот.
„И покрај актуелната политичка состојба во Македонија, австриските компании се заинтересирани за економска соработка и изнаоѓање деловни партнери тука. Доказ за тоа е претстојниот бизнис форум што ќе се одржи идната недела во Скопје, на кој доаѓа досега најбројна австриска деловна делегација, составена од претставници на девет фирми,кога сме кај двете компании што се заинтересирани да инвестираат во земјава, нема да откријам детали, освен, едната е од осигурителниот сектор а другата сака да отвори регионален ценатр за услуги, ама нема да инвестираат во економските зони“, вели Герхард Шлатл од Амбасадата на Австрија во РМ.
Австриските стопанственици се заинтересирани со македонски фирми да го шират бизнисот во фармацевскиот сектор, преработката на дрво, електрониката, прехранбената индустрија. Потенцијал има- велат од Стопанската комора, посочувајќи го негативниот биланс од 17 милиони долари на трговската соработка меѓу двете земји во првите три месеци од годинава.
„Токму организирањето директни бизнис средби меѓу македонските и австриските потенцијални деловни партнери е во насока на подобрување на соработката. Прехранбената индустрија, животната средина, инфраструктурата, земјоделството, текстилната, автомобилската индустрија и туризмот се само некои од секторите кои имаат голем потенцијал за интензивирање на соработката“, вели Јадранка Аризанковска, од Стопанската комора.
Раст од 10 насто бележи трговската раземна мегу Македонија и Австрија во првите три месеци.Извозот од земјава вреден 11 милиони е зголемен за 51 процент, но сѐ уште сме увозно зависни од оваа земја, салдото достигнало 28 милиони долари. На австрискиот пазар најмногу пласираме, текстил и преработки од металната индустрија, увезуваме, месо, храна и фармацевтски производи.
Сузана Фиданска- Стоевска
