„Фондовско срце“ дарува крв
160 вработени, од вкупно 800 во Фондот за здравствено осигурување на Македонија се вклучија во крводарителната акција „Спасете живот дарувајте крв“ која е организирана во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст. Крводарителната акцијата е на иницијатива на директорката на Фондот, Маја Паранарџиева-Змејкова која и самата даруваше крв. Периодот за организирање на акцијата е договорен во овој период поради најголеми потреби за крвни единици. Вработените од фондот денеска даруваа крв во Скопје и во 29 градови во државата.
160 вработени, од вкупно 800 во Фондот за здравствено осигурување на Македонија се вклучија во крводарителната акција „Спасете живот дарувајте крв“ која е организирана во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст. Крводарителната акцијата е на иницијатива на директорката на Фондот, Маја Паранарџиева-Змејкова која и самата даруваше крв. Периодот за организирање на акцијата е договорен во овој период поради најголеми потреби за крвни единици. Вработените од фондот денеска даруваа крв во Скопје и во 29 градови во државата. Оваа крводарителна акција да биде традиционална и да се организира секоја година под мотото „Фондовско срце“.
