Ново рочиште за случајот „Диво насеље“
06.06.2016 10:15
Поради несоодветни просторни услови за судењето, рочиштето неколкупати беше одложувано...

Во големата сала на Врховниот суд денеска, по неколку одложувања треба да почне судењето на обвинетите во предметот „Диво насеље“.
Поради несоодветни просторни услови за судењето, рочиштето неколкупати беше одложувано, а Судскиот совет побара информации од Врховниот и од скопскиот Кривичен суд за причините за необезбедената сала во Врховниот суд.
За тероризам и помагање се обвинети вкупно 37 лица. Лани на 9-ти мај во акцијата против терористичката група во Куманово загинаа осум припадници на македонските полициски сили.
