Претседателот на Чешка во четврток во посета на Македонија

06.06.2016 10:27

Двајцата претседатели ќе разговарараат за миграциската криза. Чешките и македонските полицајци заедно патролираат на македонско- грчката граница, обезбедувајќи ги границите.

Чешкиот претседател Милош Земан в четврток ќе ја посети Македонија и ќе биде примен од неговиот колега и домаќин, Ѓорге Иванов.

Двајцата претседатели ќе разговарараат за миграциската криза. Чешките и македонските полицајци заедно патролираат на македонско- грчката граница, обезбедувајќи ги границите.

Портпаролот на шефот на чешката држава изјави дека Земан ќе биде одликуван со македонско државно одликување.

При посетата на Македонија, чешкиот претседател ќе присуствува и на Чешко-македонскиот бизнис-форум и  ќе го посети манастирот „Свети Наум“ во Охрид.