И во услови на криза, странските инвеститори вложуваат во Македонија

05.06.2016 16:37

И во услови на политичка криза странските инвеститори вложуваат во Македонија. Бројката на работни позиции надмина 50 илјади, велат од Советот. Бараат стабилна политичка состојба. На Светскиот пикник во Скопје, се дружеа промовирајќи ги традиционалните јадења од својата држава, парите ги наменија за народните кујни во Македонија...

Странските инвеститори креираа повеќе од 50 илјади работни места во Македонија вели претседателот на Советот на странски инвеститори. Потенцира дека посакуваат стабилна политичка состојба, но иако се чувствува политичката криза компаниите повторно вложуваат, вели Петер. Советот на странски инвеститори издаде и белата книга. Ги адресираат сите прашања што се од интерес на странските инвеститори во поглед на подобрувањата кои треба да бидат преземени.

118 компании со доминантен странски капитал се членки во Советот на странски инвеститори. Од Стопанската комора велат дека овие компании покажаа на конструктивен начин како е да се работи во услови на стопанисување во македонската економија. Според нив успеале да привлечат и останати странски инвеститори.

10 години на странските инвеститори во Македонија е успешна приказна, велат од Советот на странски инвеститори. Собраните средства од хуманитарниот светски пикник кој беше организиран ќе бидат донирани за потребите на националните кујни во Македонија.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска