Железничка несреќа во Белгија: Најмалку 3 мртви и 40 повредени
Патничкиот воз превезувал околу 40 патници кон Лиеж. Со брзина од 90 км/ч удрил во товарен воз кој се движел на истата пруга. Од силниот удар, два од шесте вагони се откачиле и се превртеле.

Најмалку тројца мртви и 40 повредени во железничка несреќа на истокот на Белгија. Патничкиот воз превезувал околу 40 патници кон Лиеж. Со брзина од 90 км/ч удрил во товарен воз кој се движел на истата пруга. Од силниот удар, два од шесте вагони се откачиле и се превртеле.
„Не е направен план за справување со кризи. Градовите Аме и Лиеж соработуваат и се ефикасни иако не успеавме да ги спасиме сите“, изјави Жан Мишел Жава, градоначалник на Аме.
„Засега има тројца мртви, и 40 повредени. Ги истражуваме причините за несреќата. Двата воза се целосно уништени.“
На местото на несреќата веднаш интервенирале пожарникарите и полицијата. Поставен е и центар за прва помош. Поради големата оштетеност на возилата, патниците морале да ги вадат од остатоците од вагоните. Дел од повредените се во сериозна здравствена состојба.
„Еден вагон беше целосно згмечен од други два, ужасен судир. 27 луѓе се со различни повреди“, изјави Франсис Дежон, градоначалник на Сен Жорж Сур Мез.
Во 2010 година загинаа 18 луѓе и беа повредени 95 во судир на возови во предградие на брисел. Пред три години, воз кој превезувал токсични материјали излетал од шините и експлодирал. Тогаш загина едно лице, а 50 беа повредени.
