Фудбал – трансфери

Јакимовски од Јапонија во Србија

28.01.2014 15:22

Македонскиот фудбалски интернационалец Никола Јакимовски се врати во српското првенство. По авантурата во јапонска Нагоја, Јакимовски потпиша двегодишен договор со Јагодина. За тимот кадешто асистент  беше актуелниот македонски селктор Бошко Ѓуровски, Јакимовски одигра само 15 натпревари меѓу другото затоа што беше и повреден.

Офанзивниот играч за врска  Јакимовски, во сезоната 2011 - 2012-та настапуваше за Јавор за којшто на 27 меча постигна 2 гола. Јакимовски за младата репрезеннтација на Македонија има три настапи, потекнува од школата на Македонија Ѓорче Петров за чијшто прв тим одигра 4 меча. Кратко беше и во Унгарија, во Ференцварош каде што настапи само на еден дуел, а осум пати го облече дресот на Тетекс како позајмен фудбалер.