Практична работа за поголема вработеност

06.06.2016 14:39

Според податоците од Стопанската комора, само 50 насто од фирмите биле заинтересирани за ангажман на практикантите. Светските искуства покажуваат дека 70 насто од врвните менаџери паралелно се образовувале и работеле...

Ѕидотесар, туристички придружник, кројачи, шивачи, заварувачи, бравари се најбараните занимања за кои компаниите сметаат дека нема доволно образован кадар. Од Стопанска комора велат дека ваквиот тренд ќе продолжи ако практичното образование не го надополнува теоретското знаење. Податоците покажуваат дека 70 проценти од врвните менаџери во светот биле дел од дуелното образование.  

Половина од компаниите би вложиле средства во профилирање на стручен кадар, покажуваат истражувања. Според податоците 40 проценти од компаниите вработиле по двајца или по тројца практиканти, 9 проценти вработиле по шестмина практиканти.

Во земјите каде што учениците паралелно се стекнуваат со теоретско и практично образование, стапката на невработеност е помала од 10 проценти.

 

Наташа Јанчиќ