Предлогот за импичмент е неоснован

06.06.2016 15:06

Претставниците на СДСМ, предлагач на иницијативата и денеска тврдеа дека одлуката на претседателот Иванов за аболиција е противуставна и незаконска, со што се согласуваат и во ДУИ.

Собраниската комисија за утврдување на  иницијативата за импичмент на претседателот со мнозинство гласови, шест, утврди дека предлогот за поведување постапка за утврдување одговорност не е основан и дека претседателот ги извршувал своите надлежности согласно со Уставот и со законите.

Претставниците на СДСМ, предлагач на иницијативата и денеска тврдеа дека одлуката на претседателот Иванов за аболиција е противуставна и незаконска, со што се согласуваат и во ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ остана на ставот дека Иванов со одлуката сакал да спречи хаос во државата.

Според најавите, извештајот на Комисијата треба да се разгледа на собраниската седница закажана за 13-ти јуни.