Дијабетес: Пациентите бараат поквалитетен инсулин

06.06.2016 15:12

Поквалитетен инсулин за децата болни од шеќерна болест, бараат нивните родители. Да се промени и односот на општетсвото спрема овие најмали пациенти. Од Здруженијата на дијабетичари велат дека децата од предшколска возраст кои боледуваат од оваа болест не ги примаат в градинка...

Родителите на децата болни од дијабетес бараат воведување нови видови инсулин. Велат, еден од нив  веќе е тестиран на детската клиника, има 72 часовно дејство и се покажал квалитетен. Со него ќе се намалат и бројот на боцкањa кај децата.

Наташа е мајка на четиригодишно дете дијабетичар. Не работи, бидејќи во градинка не ги примаат децата со покачен шеќер во крвта. 

„Зошто Националната комисија за дијабетес не се обиде да набави инсулински канали за децата, затоа што еве на пример моето дете има развиено бицепс и трицепс на рацете од боцкање. Нека размислат нека ги набават, со нив од 150 убоди на инсулин месечно би го намалиле боцкањето на 10“, изјави Наташа Деспотовска Димитриевска, родител на четиригодишно дете со дијабетес.

Според дијабетичарите, квалитетот на инсулинот за нив не е единствениот проблем.  Апаратчињата со кои се мери шеќерот во крвта се неисправни, а немаат ниту доволно игли за боцкање.

Дијабетичари од 10 здруженија во земемјава велат дека ако не им се исполнат барањата ќе проестираат пред Министерството за здравство.

 

Андријана Атанасовска