МЗТ на седмо небо, Гечевски во ренесанса
Математиката никогаш не била добар пријател на спортот, затоа што тоа се два различни света, но ќе се обидеме низ бројки да го проектираме предизвикот, што нашиот шампион треба да го соџвака во финишот на АБА првенството, за нова граница на македонската клупска кошарка.
По мега триумфот против Партизан, МЗТ Скопје се врати на седмата позиција на табелата. Аеродромци имаат 8/10 и се на -4, од скорот што води на фајнал фор. По 18 кола, пред МЗТ се Звезда со 15/3, Партизан и Цедевита со по 13/5, Цибона и Будуќност имаат по 12/6, Игокеа има 10/8.

По маестралната партија во Пионир, 36 годишниот Тодор Гечевски трет пат сезонава е меѓу најдобрите 5. Местото си го заслужи со 19-те поени и 13-те скокови, со кои што собра 29 индекс бодови, во улога на најдобриот скокач во 18-та рунда.
До крајот на сезоната, нашиот претставник ќе одигра уште 8 кола на Јадранот, по 4 дома и на гости. Во следната рунда во Скопје доаѓа должникот Визура, се патува кај Крка, па дома со Задар, пред клучните гостувања кај директните ривали Игокеа и Цибона. Во последните три кола, МЗТ игра со Широки, кај Звезда и со Раднички.
Цибона и Игокеа ќе играат меѓу себе, но имаат уште по три тешки натпревари. Во Загреб во следната рунда доаѓа Партизан, Цибоси ќе се пресметаат и со Звезда, но и со Мега Визура. Игокеа ќе се соочи со Цедевита, со Будуќност и со Унион Олимпија.
Ништо не е однапред ветено и сигурно, особено не во едно вакво непредвидливо натпреварување, но со пристап и со решителност како во вчерашната лекција по упопрност и по борбеност, МЗТ Скопје Аеродром може со бистра глава да јуриша на позиција што ќе го одведе најмалку повторно во Еврокупот, а можеби и прв пат на Фајнал форот во Јадранската лига.