Метео: Претпладне сончево, попладне локална нестабилност и пороен дожд

06.06.2016 15:16

И во наредните денови не ни претстои целосно стабилизирање на времето...

Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала облачност, попладне се очекува локална нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи особено во југоисточните делови.

И во наредните денови не ни претстои целосно стабилизирање на времето, а дневните температури во поголем дел од земјава остануваат под 30-от степен.

 

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска