Почна судењето за случајот „Диво насеље“

06.06.2016 15:03

Сите обвинети на почетокот од новиот судски процес за „Диво насеље“ се изјаснија за невини.

Во големата сала на Врховниот суд  денеска, по неколку одложувања почна судењето на обвинетите во предметот „Диво насеље“. Обвинетите тврдат дека не подготвувале терористички напади и дека не познаваат никого од помагачите.

Сите обвинети на почетокот од новиот судски процес за „Диво насеље“ се изјаснија за невини. Според адвокатите обвинителниот акт не бил професионално подготвен. Пред судот искази треба да дадат и сведоци. 

Поради несоодветни просторни  услови за судењето, рочиштето неколкупати беше одложувано, а судскиот совет побара информации од Врховниот и од скопскиот Кривичен за причините за необезбедената сала во Врховниот суд.

За тероризам и помагање се обвинети вкупно 37 лица. Лани на 9-ти мај во акцијата против терористичката група во Куманово загинаа осум припадници на македонските полициски сили.