Оер: Политичката криза се одразува на евроинтеграциите

06.06.2016 15:49

Француската амбасадорка во земјава, Оер, вели дека кризата сериозно се одразува на евроинтеграциите на земјава. Таа потенцира дека доаѓањето на Хајндл е важен сигнал за потребата од итно разрешување на кризата.

Политичката криза не ги запира напорите на земјава за продолжување на евроинтегративните процеси, тврди вицепремиерот за европски прашања Адеми.

„Правиме максимални напори да се отстрани секоја пречка во нашиот евроинтегративен пат“, изјави вицепремиерот Арбр Адеми.

Француската амбасадорка во земјава, Оер, пак вели дека кризата сериозно се одразува на евроинтеграциите на земјава. Таа потенцира дека доаѓањето на Хајндл е важен сигнал за потребата од итно разрешување на кризата.

Оер смета дека 15-ти јуни е важен датум, бидејќи ќе се разгледува напредокот околу договорот за асоцијација со Македонија. Извештајот на Прибе, тврди Оер, се фокусира на владеењето на правото, и демократијата, нешто на што што ќе инсистира и амбасадорот Хајндл.

„Политичката криза претставува тежок товар за земјата. Ние, земјите членки на НАТО и на Европската унија со загриженост гледаме на случувањата во земјава. Важно е да се разреши политичката криза“, рече амбасадорката на Франција, Лоренс Оер.

Германскиот специјален пратеник, Јоханес Хајндл, во Скопје, по трет пат оваа година доаѓа во Скопје.

 

Фиљана Кока