Пониски цени на овошјето и зеленчукот на зелените пазари

07.06.2016 10:02

На почетокот на мај на зелените пазари овошјето и зеленчукот во просек се продавале поевтино од лани. Причината е поголемата понуда на домашниот пазар и поволните временски услови за нивното производство.

Во првата половина на мај, на зелените пазари се нудеше изобилство на сезонско овошје и зеленчук.

Кај овошјето најмногу имало јагоди, цреши, кајсии и праски, кои поради топлото време се појавија порано на пазарите за разлика од минатите години.

Споредено со истиот период  лани се забележани пониски цени на портокалите за 32, црешите за 17 и јагодите за 3 проценти.

Поскапи биле лимоните и бананите.

Кај зеленчукот се забележани пониски ценискоро кај сите видови, освен кај лукот.

Зелката и грашакот биле поефтини за 37, доматот 23, а пиперките за 28 проценти.

Методија Трајков