Фудбал – трансфери

Кабај се враќа во Франција

28.01.2014 15:25

Во очекување на вистинска бомба во зимскиот преоден рок којшто трае до 31 јануари, вреден трансфер оствари Французинот Јохан Кабај. Играчот за врска на Њукасл е на медицински прегледи во Париз и пред потпишување на договор со ПСЖ. Премиерлигашот беше трпелив и откако одби две понуди за Кабај, 10 милиони фунти од Арсенал изминатото лето и првата од 14 милиони фунти од Пари Сен Жермен, сепак успеа да ја зголеми цената за обештетување на 20 милиони фунти.

Со тоа клубот од Сент Џејмс Парк ќе заработи 15,7 милиони фунти затоа што пред две ипол години го донесе Кабај од Лил за 4,3 милиони фунти. За Њукасл Кабај одигра 79 натпревари и постигна 17 голови.

Дел од парите, менаџерот на Њукасл Алан Пардју најверојатно ќе  ги искористи за купување на Лук де Јонг чијшто клуб Борусија Менхенгладбех потврди дека поради најавениот трансфер холандскиот напаѓач ги пропуштил последните тренинзи.