Клинтон ја осигура претседателската номинација
Поранешната државна секретарка обезбеди 2 илјади 383 делегати, доволни да стане прв женски претседателски кандидат од Демократската партија, по решавачката победа на прелиминарните избори во Порторико.

Хилари Клинтон ги освои потребните делегати со што ја осигура претседателската номинација на Демократската партија.
Поранешната државна секретарка обезбеди 2 илјади 383 делегати, доволни да стане прв женски претседателски кандидат од Демократската партија, по решавачката победа на прелиминарните избори во Порторико.
Влегува во директна трка со кандидатот на републиканците Доналд Трамп, а освојувањето на номинацијата доаѓа во време кога американскиот претседател Барак Обама се подготвува и формално да ја прогласи Клинтон за најдобар кандидат што би го наследил.
