До крајот на годинава Грција мора да го врати долгот тежок над 26 милијарди евра
07.06.2016 11:20
Долгот на даночните обврзници, заедно со сите други даночни долгови достигнува сума од 30 милијарди евра.

Во втората половина од годинава грчките даночни обврзници мора да ги исплатат долговите од над 26 милијарди евра. Дополнителните мерки за штедење треба да ги изгласа грчкиот парламент.
Долгот на даночните обврзници, заедно со сите други даночни долгови достигнува сума од 30 милијарди евра.
Еврогрупата и даде на Грција рок од 24 часа да ги финализира последните мерки, што и ги дадоа кредиторите, а кои се условот за почеток на процедурата за префрлање на новата транша од 7,5 милијарди евра од финансиската помош за земјата.
