Турција не се откажува од договорот со ЕУ
Намалениот број мигранти е доказ дека официјална Анкара сериозно го сфатила договорот. Тој предупреди дека врз него не смее да влијае внатрешната политика на членките на ЕУ.

Анкара не планира да се откаже од договорот со ЕУ за враќање на мигрантите кои стигнале нелегално во Европа. Вицепремиерот на Турција Нуман Куртулмуш изјави дека властите очекуваат Унијата да го исполни својот дел од обврските за да успее спогодбата.
Според него, намалениот број мигранти е доказ дека официјална Анкара сериозно го сфатила договорот. Тој предупреди дека врз него не смее да влијае внатрешната политика на членките на ЕУ.
Инаку, договорот меѓу Брисел и Анкара за спречување на бегалскиот бран е попречен од законот за антитероризам на Турција којшто Унијата сака да го приспособи според своите стандарди.
