Фудбал

Арсенал со стар менаџер и нова опрема

28.01.2014 15:28

За Арсенал важи дека е еден од ретките клубови во светот на фудбалот што работи позитивно и без долгови. За таквата стратегија заслужен е и менаџерот Арсен Венгер кој е и магистар по економски науки. „Топчиите“ не се расфрлаат со пари, но сепак се свесни дека за да бидат конкурентни и во Премиер лигата и во Лигата на шампионите мора да бидат активни и на фудбалката берза.

Пред да тргне по нови заслилувања од типот на Месут Озил кој од Реал Мадрид на „Емирати“ дојде за рекордни  42,5 милиони фунти, раководството на Арсенал ќе го продолжи договорот со Арсен Венгер. Извршниот директор на клубот Иван Газидис потврди дека договорот е постигнат и дека ќе биде јавно соопштен кога ќе биде и официјално потпишан. Новата соработка ќе биде на три години и ќе вреди 24 милиони фунти.

Венгер е во Арсенал од 1996-та година и меѓу актуелните, е менаџер со најдолг стаж во Премиер лигата. Со екипата од северен Лондон, Венгер освои три титули и по четири пехари во ФА и Супер купот на Англија, но е без трофеј веќе осум сезони. Францускиот стратег во моментов сепак може да биде задоволен затоа што Арсенал е лидер во англиското првенство, а според најавата ќе има голем буџет за засилувања.

По петгодишна соработка со „Најк“, фудбалерите на Арсенал по завршувањето на оваа, па во следните пет сезони ќе носат опрема на „Пума“. Иако нема официјална потврда од клубот, медиумите од островот, како за веќе договорена, информираат за петгодишна соработката меѓу германската компанија за спортска опрема и Арсенал којашто на 13-кратниот англиски шампион ќе му донесе 150 милиони фунти.