Изгоре половина бегалски камп на Хиос, Грција
07.06.2016 15:18
Нема повредени, но причинета е материјална штета. Полицијата приведе седум лица и еден малолетник.

Половина од бегалскиот камп на островот Хиос изгоре во пожарот што почна по протест предизвикан од ирачки бегалец поради лошите услови во кампот во кој мигрантите се затворени над два месеца.
Нема повредени, но причинета е материјална штета. Полицијата приведе седум лица и еден малолетник.
Во минатата недела се случија слични нереди и меѓу бегалците на островите Лезбос и Самос.
