Екстерното тестирање стартуваше без проблеми
Од денеска до 11-ти јуни се спроведува екстерното тестирање. Со јунската сесија ќе бидат опфатени 178.648 ученици, од основните и од средните училишта. Учениците се тестираат по два предмета, а Државниот испитен центар веќе ги објави прашањата.

Стартуваше екстерното тестирање за околу 178.000 основци и средношколци. Оценувањето почна навреме. Се полагаше првиот предмет. Средношколците со кои разговаравме велат прашањата биле лесни, а технички проблеми немало.
Директори на скопски средни училишта велат дека екстерното минало без проблеми. За оценувањето биле подготвени и технички и кадровски. Очекуваат да се покаже реалното постигнување на учениците.
Прашањата за екстерното тестирање беа објавени неколку недели пред оценувањето, а предметите беа познати во петокот. Учениците ќе бидат тестирани по 1.972 предмета, информираат од Државниот испитен центар.
Екстерното тестирање кое почна денес ќе трае до 11-ти јуни, а три дена подоцна ќе бидат соопштени резултатите за деветтоодделенците, преостанатите ученици резултатите ќе ги добијат на 17-ти јуни.
Уписите во средните училишта почнуваат на 28- ми и 29- ти овој месец.
Викторија Милевска
