ДЗС: Раст на нето- платата во ноември 2013
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември минатата година е зголемена за 0,9% во споредба со истиот период од 2012 година и изнесува 21.054 денари, објави денеска Државниот завод за статистика.
Зголемувањето се должи на повисокиот износ на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 6,2%, „транспорт и складирање“ за 5,3% и „дејности на здравствена и социјална заштита“ за 3,6%.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември во однос на октомври, е забележано во секторите „рударство и вадење камен“ за 8,8 %, „снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпадни дејности за санација на околината за 6,3% и „градежништво“ за 4,2%.
Просечната бруто-плата по вработен во ноември 2013 изнесува 30.902 денари.
Во истиот период лани, 2% од вработените во Македонија не примиле плата.
