ЕКРИ го објави извештајот за Република Македонија

07.06.2016 16:00

Европската комисија за борба против расизмот и нетрпеливоста (ЕКРИ) денеска во Стразбур го објави извештајот за Република Македонија, кој се фокусира на четири теми кои се заеднички за сите држави членки, законодавство, говор на омраза, насилство и политики за интеграција, како и бројни прашања поврзани со секоја од овие теми.

Во извештајот Европската комисија за броба против расизмот и нетрпеливоста или скратено ЕКРИ најрпво ги  поздравуваат позитивните чекори што ги направила Македонија во ова област, но се наведуваат и прашања кои според експертите на Советот на Европа „загрижуваат“.

Како на пример, „Кривичниот законик во земјата кој сѐ уште не е целосно усогласен со Препораката на ЕКРИ за националното законодавство за борба против расизмот и расната дискриминација“, се забележува и дека во канцеларијата на Народниот правобранител, веќе неколку години се упразнети 17 работни меса како резултат на стопирањето на вработувањата во јавниот сектор. 

Во извештајот се додава и дека етничките тензии меѓу најголемите заедници остануваат на високо ниво и расистичкиот говор на омраза е широко распространет проблем, а загрижувачка е и нетолеранцијата спрема припадниците на ЛГБТ заедницата. 

Екри повторно се осврнува на многу тешката состојбата на ромската заедница во областите на образование, вработување, домување и здравствена заштита.

ЕКРИ препорачува властите на Македонија да поттикнуваат осуда на говорот на омраза и контра-говорот од страна на високи функционери и политичари. Сите политички партии во земјата треба да го осудат говорот на омраза и да ги повикаат нивните членови и следбеници да се воздржат од употреба на таков говор.

Извештајот на независниот орган на Советот на Европа, е објавен со согласност на Македонската влада и тој треба да послужи како патоказ за подобрување на ситуацијата во оваа област. 
 

Тони Гламчевски, дописник од Стразбур за МРТ