74 лекари од септември на специјализација

07.06.2016 16:07

Од септември 74 лекари ќе почнат специјализација. 20 специјализанти ќе почнат КАРИЛ, 10 во болницата во Штип, 7 во Струмица. Петмина лекари ќе специјализираат нуклеарна физика. За неколку години специјалсити ќе добијат и болниците во Струмица, Куманово, Кочани, Кавадарци.

Избрани се 74 лекари за кофинасирана специјализација – информира министерот за здравство, Никола Тодоров. 20 лекари ќе специјализираат анестезиологија на КАРИЛ, 5 ќе бидат кофинасирани за нуклеарна физика. Според Тодоров, 17 јавни здравствени установи ќе добијат кадар каков што им недостига и ова е начин пациентите да добијат преглед во местото каде што живеат, без да бидат препраќани на скопските клиники.

Кандидатите ќе почнат со специјализација од септември, ќе засноваат работен однос на определено време со јавната здравствена установа во периодот на спроведување на специјалистичкиот стаж и за тој период ќе примаат плата.

По завршување на специјализацијата, докторите треба да се вработат без објавување на оглас во јавната здравстевна установа во која се пријавиле за специјализација.

 

Наташа Јанчиќ