Австриски компании бараат деловни партнери во Македонија
Авистриски менаџери се во земјава. Бараат деловни партнери од Македонија. Гледаат можност да се зголемат извозниот потенцијал и конкурентноста. Австрија е 14-от трговски партнер на Македонија и втора земја во делот на инвестициите...

Фармацевскиот сектор, преработката на дрво, електрониката, прехранбената индустрија- ова се секторите за кои австриските бизнисмени сметаат дека има простор за бизнис со македонските компании. Гледаат можност за потесна соработка и зголемена трговија.
„Билатералната размена се движи околу 200 милиони евра и со вакви настани се обидуваме уште повеќе да ја поттикнеме“, изјави Герхард Шлатл, Амбасадата на Австрија во РМ.
Австриските бизнисмени сметаат дека можат да бидат и поприсутни на македонскиот пазар.
„На овој настан се надеваме дека ќе најдеме добри фирми да ја зголемиме соработката“, изјави Симон Адлер, претставник на фармацевска компанија од Аавстрија.
„Дојдовме на форумот за да се претставиме пред македонскиот пазар и да најдеме партнери за да го зголемиме нашето присуство тука“, вело Зоран Рабреновиќ, претставник на „Ваидмилер“.
И домашните компании гледаат можност да остварат профит.
„Меѓу компаниите присутна е и најголемата пилана во Австрија која би сакале да ја контактираме и да најдеме начин за заедничка соработка“, изјави Наѓинка Туторов Апостоловска, претставник на компанија за производство на брикети.
Од Стопанската комора велат соработката со австријците ќе донесе зголемен извоз од земјава, но и зајакната конкурентност на домашните компании.
„Австриските компании можат да придонесат за трансфер на нови знаења и нови технологии кои македонските компании можат да ги применат во самото работење и да им го отворат патот на европските пазари“, смета Јадранка Аризанковска од Стопанската комора.
Австрија е 14 трговски партнер на Македонија и втора земја во делот на инвестициите. Трговската размена во првиот квартал бележи раст од 10 проценти, но сѐ уште со дефицит на наша страна.
Ана Јосифоска- Тодоровска
