Производство на коноп за медицински цели
Со измените на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци се дозволува производството на коноп во медицински или научни цели. Одгледувачи можат да бидат само правни лица со строго определени услови.

Одгледување на коноп е дозволено само на правни лица кои имаат одобрение издадено од Министерството за здравство со претходна согласност од Владата.
Услов е да има обезбедено соодветен простор, површини за одгледување, сушење и складирање и соодветно опремен преработувачки капацитет.
Просторот мора да биде затворен со ограда висока најмалку четири метри, бодликава жица и други пропишани мерки на сигурност.
Мора да има 24 часовен видео надзор, постојано физичко обезбедување, со најмалку четири вработени лица од кои едно лице дипломиран фармацевт со тригодишно работно искуство и едно лице агроном со најмалку три години работно искуство во поледелството.
Методија Трајков
