Дурент одново незадржлив !
Кошаркарите на Оклахома Сити продолжуваат со победоносната серија, откако ја совладаа Атланта со 111:109. И покрај тоа што настапија без повредениот Перо Антиќ, гостите го контролираа резултатот се до завршната четвртина којашто Оклахома ја доби со 32:22, за пресврт и конечен триумф. Кевин Дурент имаше уште една блескава партија, во којашто постигна 41 поен, со 5 погодени од 7 обиди за тројка, 4 скокови, 5 асистенции и три блокади. Кај гостите, седуммина остварија двоцифрен број поени, а најзабележителен беше Пол Мислап со 23 поени и 8 скокови.

Од шесте натпревари одиграни рано изутрина, на домашен терен славеа уште кошаркарите на Јута, против екипата на Сакраменто, со 106:99. Шестмина „Џезери“ постигнаа најмалку по десет поени, а тројца остварија „дабл дабл“ ефект. Дерик Фејворс постигна 17 поени и 12 скокови, Марвин Вилијамс придонесе со 16 поени и 11 скокови, а резервистот Џереми Еванс, со 14 поени и 10 освоени топки под обрачите. Кај „Кралевите’’ од Сакраменто исто така имаше шестмина со двоцифрен ефект, од кои Џејсон Томпсон го заврши мечот со 19 поени и 11 скокови.
Во најнеизвесниот дуел, Бруклин загуби дома од Торонто со 103:104. Најзаслужен за победата на единствениот канадски клуб во НБА беше Кајл Ловри со 31 поен, 5 скокови, 7 асистенции и дури 5 украдени топки. Кај домаќините, недоволни беа 33 – те поени на Пол Пирс со што Бруклин го претрпе само вториот пораз во последните 11 настапи.
Покрај Торонто, гостите се вратија со победи во уште три натпревари. Во најефикасниот дуел, Феникс ја победи Филаделфија со 124:113, предводен од Џералд Грин со 30 поени. Кај домашните, Картер – Вилијамс постигна 22 поена. Минесота славеше во Чикаго со 95:86, благодарение на Кевин Лав кој имаше 30 поени, додека кај поразениот тим Карлос Бузер постигна 10 помалку. Најубедлива победа оствари ЛА Клиперс на гостувањето во Милвоки со 114:86. Џамал Крафорд постигна 25, а Блејк Грифин 20 поени. Меѓу индиспонираните домашни кошаркари, турскиот интернационалец Ерсан Илјасова, придонесе со 16 поени.
Во „Источната конференција“, како и во лигата и натаму Индијана има најдобар ефект со 34 победи и 9 порази, додека на „Западот“, Оклахома Сити е прва со 36 триумфи и 11 загубени натпревари.