Вокер: Само со избори ќе се надмине кризата во Македонија

08.06.2016 10:11

Сега кога аболицијата е укината, се отвора простор за соодветна истрага, коменира поранешниот амбасадор.

„Само со избори ќе се надмине кризата во Македонија“ - ова за Гласот на Америка на македонски го изјави поранешниот амбасадор на САД во НАТО и сегашен директор на институтот „Мекејн“, Курт Вокер. Сега кога аболицијата е укината, се отвора простор за соодветна истрага, коменира поранешниот амбасадор.

„Излезот е преку избори. Важно е да има влада која ќе има обновена доверба од граѓаните. Тоа би бил можен излез од кризата. Но, патот до таму нема да биде лесен. Ако се земат предвид сите случаи на аболиција, може да се толкуваат на поинаков начин. Можеш да бидеш на страната на луѓето кои го бранат владеењето на правото и тоа би бил проблем, или може да се гонат луѓе кои биле во владата и тоа да се прави од одмазнички цели. Тоа е навистина тешко. Важно е сега дека откако аболицијата е укината, секој е предмет на истрага“, вели Вокер.

Според него, сега е важно се создаде процес за кредибилни избори, да се прочисти избирачкиот список и да се создадат севкупни услови за избори, кои ќе се одржат на слободен и транспарентен начин.