Во Бундестагот ќе се расправа за Македонија
08.06.2016 10:06
Се очекува известителот на Бундестагот за Македонија, германскиот пратеник Јосип Јуратовиќ да поднесе извештај пред членовите на комисијата.

Германија се вклучува активно во надминувањето на политичката состојба во земјава. Пред еден час во Бундестагот, во Комисијата за надворешна политика почна дебатата за Македонија.
Се очекува известителот на Бундестагот за Македонија, германскиот пратеник Јосип Јуратовиќ да поднесе извештај пред членовите на комисијата.
Последната расправа за Македонија во Бундестагот се одржа лани во март кога информацијата беше подготвена од тогашниот специјален пратеник Ернст Рајхел.
Сесиите на Комисијата за надворешни на Бундестагот се одвиваат без присуство на јавноста.
