Во септември ќе се прославува прогласувањето на Мајка Тереза за светица

08.06.2016 11:08

На 4 септември 2016 година во Рим ќе се одржи церемонија на прогласувањето на Мајка Тереза за светица на Католичката црква во целиот свет...

Од 5-ти до 11-ти септември годинава Ватикан ќе ја прогласи македонката Мајка Тереза за светица. Прославата што ќе се одвива паралелно и во Светата столица и во земјава, е наречена „Денови на блажена Мајка Тереза“.

Гонџа Бојаџиу, по потекло од Скопје, долго време работеше во Индија, каде што стана позната по светот по нејзината хуманост за што ја и доби и Нобеловата награда за мир.