Предупреувачки штрајк на градскиот транспорт во Грција
08.06.2016 11:09
Синдикатите ја обвинуваат владата за тоа дека по барање на меѓународните кредитори на земјата, дозволила градскиот превоз да биде распродаден.

Вработените во метрото, трамваите и електричната железница во Грција почнуваат четиричасовен предупредувачки штрајк. Протестираат против приватизацијата на градскиот транспорт и против задоцнетото потпишување на нови колективни договори.
Синдикатите ја обвинуваат владата за тоа дека по барање на меѓународните кредитори на земјата, дозволила градскиот превоз да биде распродаден.
Во рамките на третиот спасувачки пакет, Грција договори со кредиторите создавање нов фонд за приватизација, кој во текот на 30 години ќе акумулира државни средства во износ од 50 милијарди евра.
