„Шарената револуција“ и „Протестирам“ со блокади во центарот на Скопје
08.06.2016 11:14
Денеска демонстрантите на т.н. „Шарена револуција“ и на „Протестирам“ ќе го блокираат сообраќајот кај Судска Палата, кај македонскиот Црвен Крст и кај Соборниот храм „Свети Климент Охридски“.

Најавени се блокади на три крстосници во центарот на Скопје. Денеска демонстрантите на т.н. „Шарена револуција“ и на „Протестирам“ ќе го блокираат сообраќајот кај Судска Палата, кај македонскиот Црвен Крст и кај Соборниот храм „Свети Климент Охридски“.
Оневозможувањето на движењето е симболично, да се покаже до кој степен се доведени еднаквоста и слободата на граѓаните пред Законот, порачуваат организаторите на социјалните мрежи.
