Средба Попоски- Хајндл
08.06.2016 11:40
Како што соопшти Министерството за надворешни работи, соговорниците размениле мислења околу напорите за надминување на политичката криза и насочување кон реформите...

Министерот за надворешни работи Никола Попоски се сретна со амбасадорот Јоханес Хајндл, во контекст на неговата мисија како специјален пратеник за Македонија на германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер.
Како што соопшти Министерството за надворешни работи, соговорниците размениле мислења околу напорите за надминување на политичката криза и насочување кон реформите кои се од клучно значење за следниот есенски извештај на Европската Комисија, како и задржување на препораката за водење на пристапни преговори со ЕУ.
