Расте евроскептицизмот меѓу жителите на ЕУ

08.06.2016 11:58

Поддршка на Унијата и даваат 51 отсто од анкетираните, додека 42 отсто сметаат дека земјите членки треба да имаат поголеми овластувања, наместо да ги пренесуваат на Брисел.

Евроскептицизмот продолжува да расте меѓу жителите на земјите членки на ЕУ, покажува истражувањето на француската агенција „ТНС“ спроведено во десет земји.

Поддршка на Унијата и даваат 51 отсто од анкетираните, додека 42 отсто сметаат дека земјите членки треба да имаат поголеми овластувања, наместо да ги пренесуваат на Брисел.

Најмала подршка Унијата добива од Грција, веројатно поради мерките на штедење. Најголема поддршка е регистрирана во Полска.