Спојувањето на мобилните оператори ги крена цените за над 15%
Анализите на АЕК покажуваат дека за повеќе од 15 проценти е поскапено мобилно „ало“, додека цената на интернетот се зголемила за речиси 20 проценти, споредено со истиот преиод лани...

Спојувањето на мобилните оператори ги крена цените за минута разговор и за мобилен интернет, информираат од Агенцијата за електронски комуникации. Нивните анализи покажуваат дека за повеќе од 15 проценти е поскапено мобилно „ало“, додека цената на интернетот се зголемила за речиси 20 проценти, споредено со истиот преиод лани. Од АЕК велат дека создаваат услови за нов мобилен мрежен оператор и за виртуелен мобилен опратор.
„До крајот на месец јуни од срана на АЕК ќе им бидат одобрени референтни понуди на двата оператори со дефинирани услови и цени. Сметаме дека на овој начин секој виртуелен оператор ќе може многу лесно да потпише договор со посојните оператори за користење на мобилната мрежа за користење на мобилни улсуги за свои претплатници“, изјави директорот на АЕК, Сашо Димитријоски.
Од АЕК информираат дека ги следат операторите во исполнувањето на целта за покривање со широкопојасен пристап до интернет за сите домаќинства до 2020-та. Мрежите на сите оператори од 1 јануари 2017 година треба да се поврзани преку новата интернет ИП платформа.
„Единствена земја во Еворпа која има два оператори е Македонија. Сите останати земји се со три или повеќе мрежни оператори“, вели Васка Петровиќ, Сектор за регулатива во АЕК.
За шест месеци се решени речси 500 спора меѓу корисниците и операторите. Најголем број се покренати поради проблеми со мобилниот интернет и услугите за мобилен говор.
Наташа Јанчиќ
