Анкета на „Брима Галуп“: ВМРО-ДПМНЕ со предност пред СДСМ

08.06.2016 13:07

Вклучувајќи ги и гласачите што припаѓаат на останатите етнички заедници во државата освен албанската, 26,3 насто се изјасниле дека нивните ставови и убедувања се поблиски до ВМРО-ДПМНЕ, а 14,6 проценти од испитаниците се изјасниле за СДСМ.

Поголем дел од населението има ставови и лични убедувања што се поблиски до владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а ставовите на помалиот дел од граѓаните се поблиски до СДСМ, покажала теренската анкета на „Брима Галуп“ изготвена на барање на неделникот „Република“.

Вклучувајќи ги и гласачите што припаѓаат на останатите етнички заедници во државата освен албанската, 26,3 насто се изјасниле дека нивните ставови и убедувања се поблиски до ВМРО-ДПМНЕ, а 14,6 проценти од испитаниците се изјасниле за СДСМ. Ако се издвојат само одговорите на македонците, се добива двојно поголема предност на ВМРО-ДПМНЕ.

За владејачката партија се изјасниле 38,8 насто од испитаниците, а за СДСМ 18,7 проценти. На прашањето која политичка програма има подобра иднина, за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 27,4 проценти од испитаниците, а за СДСМ 14,6 насто.

Според анкетата на „Брима Галуп“, македонците веруваат дека ВМРО-ДПМНЕ подобро би управувала со државата. 41,5 проценти од испитаниците се изјасниле за оваа партија, а за опозициската СДСМ 17,5 насто.

Теренската анкета е спроведена од 5-ти до 12-ти мај на 1.006 испитаници.