Во Скопје ќе биде одбележано прогласувањето на Мајка Тереза за светица
Од 5-ти до 11-ти септември годинава Ватикан ќе ја прогласи македонката Мајка Тереза за светица. Прославата што ќе се одвива паралелно и во Светата столица и во земјава е наречена „Денови на блажена Мајка Тереза“. Гонџа Бојаџиу, по потекло од Скопје, долго време работеше во Индија, каде што стана позната по светот по нејзината хуманост за што ја и доби и Нобеловата награда за мир.

Светците се како небесна светлина. Тие зрачат во ноќната темнина. Ориентири и симболи за исполнетоста на животот. Мајка Тереза вели: „Ако некогаш станам света, постојано ќе бидам отсутна од небото за да ја палам светлина за оние на земјата кои се во мрак“. Мајка Тереза станува светица, со канонизацијата во Рим, а во Македонија од 5-ти до 11-ти септември ќе се прославуваат „Деновите на блажена Мајка Тереза“.
Деновите на нобеловката и светицата, ќе бидат крунисани со ефхаристичко славење на местото на родната куќа во центарот на Скопје, на кое ќе биде прогласено светилиштето на Мајка Тереза.
Бискупот Киро Стојанов ги повика сите верници и луѓе со добра волја достоинствено да се подготват за големиот ден. Со молитва, за тој настан да придонесе за доброто на нашиот град, на нашата земја и на нашиот народ.
Александра Перевска
