Поголем избор на лекови од различни производители

08.06.2016 14:49

Од 11-ти јуни уште нови 80 заштитени имиња на лекови на товар на Фондот. Се зголемува изборот на лекови без доплата, а има и можност за натамошно намалување на цените велат во ФЗОМ...

Поголем избор на лекови од различни производители на товар на Фондот за здравство. За 4 проценти повеќе лекови за осигурениците. Од 11-ти јуни листата се проширува со 80 нови заштитени имиња на лекови, од 23 различни производители и компании, во рамките на постојните генерики. Ќе се зголеми бројот на лекови достапни за осигурениците преку аптеките и болниците, а поголем ќе биде и бројот на лековите без доплата, поголема конкурентност на пазарот, со можност за натамошно намалување на цената на лековите.

Буџетот на Фондот за лекови во примарната здравствена заштита за годинава е 2,5 милијарди денари, најголем досега. На товар на ФЗОМ, се лекови кои се пропишуваат на рецепт од матичните лекари се наменети за вонболничко лекување и се издаваат во аптеките кои имаат договор со Фондот.

За осигурениците се достапни над 2 илјади лекови или 52 насто од регистрираните во државата. 


Ана Јосифоска- Тодровска