Николиќ распишувa вонредни парламентарни на 16 март

28.01.2014 15:51

Српската Влада од денеска има технички мандат. Го усвои предлогот за распуштање на Собранието и распишување вонредни парламентарни избори. Предлогот е доставен до претседателот Николиќ. Тој најави дека утре ќе ги распише изборите кои ќе се одржат на 16 Март.

Со оглед на досегашните барања на владеачките политички партии, вонредните избори не се изненадување. Причината за организирање на избори е тоа што на економски план, „Србија е во криза и потребна и е подршката на граѓаните за радикални реформи кои следат“-вели Ѓорѓе Влајиќ-коментатор на Би-Би-Си.

„Од агол на обичните луѓе, кога имаме голема економска криза и државната каса е празна, кога е неизвесно на кој начин ќе се решат проблемите со пензиските фондови, превработеноста во државната администрација и огромните трошоци за нерационалното здравство и образованието-граѓаните сето ова го гледаат како можност за подобрување на квалитетот на живеење“ - вели Ѓорѓе Влајиќ-Директор на Радио Белград и коментатор на Би-Би-Си

„Потребна е и политичка сила која ќе стави крај со расчистување на криминалот и политичките убиства за време на Милошевиќ“-констатира Влајиќ.

По година и пол, Србија повторно е во изборен процес, паралелно со изборите во Белград. Со можеби познат политички исход. Радикалните економски мерки се неминовност.

Од Белград за МТВ-Оливер Бранковиќ