Комисијата за надворешни работи на Бундестагот расправаше за Македонија

08.06.2016 16:44

Меѓу заклучоците од дебатата – потребни се веродостојни избори, демократски избрана влада, спроведување на договорот од Пржино.

Во Бундестагот денеска се разгледуваше политичката состојба во Македонија. „Актуелната состојба во Македонија е загрижувачка“ – соопштил државниот секретар во германското МНР, Михаел Рот. Меѓу заклучоците од дебатата – потребни се веродостојни избори, демократски избрана влада, спроведување на договорот од Пржино.

На денешната дебата, претставниците од различните германски партии укажаа дека состојбата се комплицира, а договореното не се спроведувало. На расправата се разговарало и за актуелниот спор за името и било поставено прашањето зошто Грција ја блокира евроатланската интеграција на Македонија.