Чешкиот претседател во посета на Македонија
Милош Земан доаѓа во официјална посета на Македонија на покана на шефот на државата Иванов. Ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“. Ќе има тет- а- тет средба со Иванов и пленарен состанок на официјалните делегации на двете држави...

Претседателот на Чешка, Милош Земан доаѓа во официјална посета на Македонија на покана на шефот на државата Иванов. Ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“. Ќе има тет- а- тет средба со Иванов и пленарен состанок на официјалните делегации на двете држави.
Ќе биде одликуван со орденот „Осми септември“ за ислучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива рамноправна соработка меѓу Македонија и Чешката Репубилка.
Утре Земан и Иванов ќе имаат свое обраќање на Македонско- чешкиот бизнис форум, на кој ќе присуствуваат преставници од двете стопански комори и бизниснимени од сите области.
Двајцата претседатели ќе го посетат и манастирскиот комплекс „Свети Наум Охридски“.
