Почна консолидацијата на земјоделското земјиште
Почна процесот на консолидација на земјоделското земјиште во Македонија. По барање на самите земјоделци првото окрупнување и групирање на парцелите ќе стартува во село Егри - битолско. Државата ќе инвестира во патната инфраструктура и во систем за одводнување.

Почна окрупнувањето и групирањето на земјоделското земјиште.
Првата консолидација со нова распределба на земјоделските парцели е во село Егри, битолско, каде што сите трошоци ги покрива државата.
Со групирањето и окрупнувањето на малите парцели, ќе се уредува и пристап до нив, до постоечкиот систем за наводнување, а ќе се гради и нова патна инфраструктура и системи за одводнување.
Во Македонија 170.000 земјоделски стопанства во просек имаат само по 1,85 хектари земјоделска површина, а од нив дури 63 проценти се помали од 1 хектaр.
Најголемиот дел од земјоделците имаат од 4 до 7, па и повеќе парцели кои не се единствена целина и се просторно разделени.
Методија Трајков
