Четворица мртви во напад во Тел Авив, уапсени напаѓачите

09.06.2016 10:21

Шестмина беа повредени во нападот во центарот на градот во близина на Министерството за одбрана. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го осуди инцидентот.

Полицијата ги уапси напаѓачите кои убија четворица во Тел Авив. Шестмина беа повредени во нападот во центарот на градот во близина на Министерството за одбрана. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го осуди инцидентот.

„Ова го направија терористи кои не го ценат човечкиот живот. Подготвени се да убиваат невини луѓе кои си седат во кафулиња. Поради полицијата и реакцијата на граѓаните избегната е поголема трагедија. Ќе ги преземеме потребните чекори и за напаѓачите и за граѓаните“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Полицијата пукала кон палестинските напаѓачи и повредила еден од нив. Поради инцидентот, Израел ја суспендираше дозволата за влез на 83 илјади Палестинци за Рамазан. Од лани зачестија нападите од Палестинците во Израел .