Формула 1

Мекларен го откажа пресот-немаат што да кажат

28.01.2014 16:06

Минува првиот ден од претсезонските тестирања во формула 1, а иако беше најавен на патеката го нема болидот на Мекларен. Според информациите на Скај спорт , механичарите на тимот се соочуваат со сериозни проблеми со електрониката и хидроуликата на болидот. За да се пронајде дефектот ќе мора да го расклопат и одново да го состават целиот болид, што бара најмалку осумчасовен ангажман на сите механичари, па се е поизвесно дека ќе го пропуштат првиот ден во Херез.

Оттука  е откажана и најавената прес-конференција на тимот, зошто практично и немаат што да кажат за првиот ден од тестот.