Фрај: Целта е во Македонија да има избори во блиска иднина
Наредните чекори што треба да се преземат, вели германскиот пратеник, се прочистување на избирачкиот список и независноста на медиумите.

Целта е во Македонија да има избори наскоро. Ова е ставот на Торстен Фрај, германски пратеник кој учествуваше во вчерашната расправа посветена на Македонија во Комисијата за надворешни работи во Бундестагот.
Политичкиот договор мора да се спроведе, додека укинувањето на аболицијата, според Фрај, е позитивен чекор во таа насока. Наредните чекори што треба да се преземат, вели германскиот пратеник, се прочистување на избирачкиот список и независноста на медиумите.
За тоа е неопходно приближување на ставовите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, изјави за дописникот на МИА од Берлин, пратеникот од германската владејачка коалиција.
Одговорноста за блокираната европска перспектива, Фрај ја гледа во националните инетерси на Грција, со кои според него, целиот континент го втурна во проблемот со името.
Пратеникот Јосип Јуратовиќ, од германските Социјалдемократи, го поздравува засилениот ангажман на Германија и во изјава за „Дојче Веле“ нагласува дека мора да се врши притисок врз сите страни за надминување на кризата.
