Путин му го врати на Нетанјаху тенкот што го заробиле Арапите во Либанската војна
09.06.2016 11:33
Нетанјаху кој беше во посета на Москва на одбележувањето на 25-годишнината на обновените дипломатски односи меѓу Израел и Русија, изјави дека враќањето на тенкот е симбол на пријателство.

Рускиот претседател Путин му го врати на израелскиот премиер Нетанјаху тенкот што го заробиле Арапите во Либанската војна од 1982 година.
Нетанјаху кој беше во посета на Москва на одбележувањето на 25-годишнината на обновените дипломатски односи меѓу Израел и Русија, изјави дека враќањето на тенкот е симбол на пријателство.
За возврат, Израел ќе ѝ испрати на Русија тенк од истата марка за да се пополни испразнетото место во музејот.
